776

Професор Калин Јанакиев: Заедничкото сослужување е првиот чекор на Мајката Црква кој води во вистински правец

Извор:

„Заедничкото сослужување на Света Евхаристија, меѓу претставниците на БПЦ – БП и МПЦ – ОА, е првиот чекор во вистински правец, а посетата на Р. Македонија од страна на Бугарски митрополити е добар знак.

Заедничкото сослужување би било јасен знак дека навистина се движиме кон некакво уредување на положбата на МПЦ – ОА, за којашто Светиот Синод правилно изјави дека нејзиното канонско признавање, може да се постигне само со заедничка согласност на Православните Цркви. Иницијативата за тоа треба да биде поведена од Софија. Ако сега има сослужување, тоа би било знак дека ангажирањето е сериозно сфатено. Влегувањето во евхаристиско општење може да се изврши од една поединечна Православна Црква, но канонското признавање на МПЦ – ОА е подобро да се изврши од сите. Тоа ќе биде тежок процес заради позицијата на Српската Црква и национализмот во Грција којшто ги опфаќа и црковните средини. Ние тоа многу добро го согледавме за време на митинзите во Атина и Солун кои се израз на радикален национализам“.