Руската Црква ќе се грижи за децата чиишто родители не се во состојба да ги чуваат

Извор:

При посета на хуманитарниот центар за помагање на жени во кризни состојби, Неговата Сесветост, Патријарх Кирил, изјави дека РПЦ е подготвена да ја преземе грижата за оние деца чиишто родители не се во состојба да ги одгледуваат.

„Доколку некоја жена се најде во таква околност, кога не сакајќи да направи абортус, ќе го роди детето, но не може да се грижи за него, грижата за тие деца ќе ја преземе Руската Православна Црква без да ги лиши жените од своите мајчински права“, изјави Патријархот.

Тој нагласи дека ваквиот систем не треба да се поистоветува со домот за сирачиња, бидејќи жената „може во секој миг да дојде и да си го земе детето“.

Во овој контекст, претседателот за Синодалниот оддел за добротворна дејност, епископ Пантелејмон, додаде дека неколку манастири веќе располагаат со центри за сместување на деца, каде што живеат деца, чиишто родители не се во состојба да се грижат за нив. Сите овие хуманитарни центри за бремени жени, жени во кризна состојба и многудетни семејства, се под раководство на православната служба „Милосрдие“. Денес во Русија има повеќе од 120 такви центри.