465

Средба на комисиите на МПЦ-ОА и БПЦ-БП

Извор:

Во зградата на Светиот Синод на БПЦ-БП во Софија се одржа средба меѓу комисиите на Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија и Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија. Официјалното соопштение на БПЦ-БП  гласи:

„На 21 декември 2017 г. согласно решението на Св.Синод на БПЦ-БП, протокол № 27 од 15.12.2017 г., комисијата од Бугарската православна црква во состав:

 

  1. Старозагорски Митрополит Кипријан – претседател на комисијата;
  2. Ловчански Митрополит Гавриил;
  3. Пловдивски Митроплит Николај;
  4. Варненски и Великопреславски Митрополит Јоан;
  5. Неврокопски Митрополит Серафим;
  6. Врачански митрополит Григориј,

се сретна со комисијата од Македонската Православна Црква во состав:

  1. архиепископ Македонски Стефан;
  2. Преспанско-Пелагониски митрополит и администратор Австралиско-Новозеландски Петар;
  3. Дебарско-Кичевски митрополит и администратор Австралиско-Сиднејски Тимотеј;
  4. Хераклејски епископ Климент, секретар на комисијата;

коишто со братска во Христа љубов ја разгледаа ситуацијата околу Македонската Православна Црква и нејзиниот канонски статут и во единомислие во името на добротворството, и меѓусебните братските односи, ги одредија дејствијата за реализирање на донесеното решение од Св. Синод на БПЦ-БП протокол № 22 од 27.11.2017 г.“

Фотографија: БГНЕС