Св. Пајсиј Светогорец прогласен за заштитник на воените армиски комуникациски трупи

Извор:

Свештениот Синод на Грчката Православна Црква, во текот на заседанието од 1 – 2 ноември 2017 година, под претседателство на Архиепископот Атински и на цела Грција Јероним, донесе неколку важни решенија:

Имено, беше одлучено да се одобрат нови литургиски текстови, како и да се преземат чекори за возобнова и реконструирање на поранешните манастири. Исто така, на барање на воените капелани на Генералштабот на Националната одбрана на Грција, Преподобниот Пајсиј Светогорец беше прогласен за заштитник на грчката војска (самиот Свети Пајсиј служел како телеграфски оператор во грчката војска за време на Граѓанската војна).