Вистинските новогодишни подароци

Извор:

Во пресрет на новогодишните празници, раководителот на детскиот дом во Санкт Петербург и претседател на комисијата за добротворна дејност и социјална одговорност при Руската Федерација, отец Александар Ткаченко, се обрати кон останатите комерцијални организации со апел оваа година поразумно да е направи изборот на новогодишните подароци за децата од социјалните установи.

Меѓу другото, отец Александар повика: „наместо купување на бесконечни игри и телефони, да се инвестира во програми за оние што ги напуштаат детските домови, за нивно обучување во навистина важни животни навики, без кои тие би се нашле неподготвени за влез во животот на возрасните; тоа се програмите на социјализација, настава, практични вежби што се  спроведуваат од страна на некомерцијалните добротворни организации по целата земја. На нашите воспитаници од социјалните установи, многу повеќе им фали професионална грижа отколку бонбони. Ве повикувам, наместо вообичаените новогодишни подароци да им подарите можност да ја изградат својата иднина во нашето општество.

Направете го вистинскиот избор, подарете му на нашето општество можност за решавање на социјалните проблеми, на наште деца шанса за самостоен, целосен и достоен живот, а себеси радоста од чувството на социјална одговорност и придонес. Уверен сум дека и вашите партнери, колеги и соработници ќе ја ценат и поддржат оваа иницијатива“.