5214

Во Русија се воведува интересен школски предмет

Извор:

Рускиот образовен систем разработи програма за школски предмет наречен „Основи на семејството“. Образложение за новиот предмет даде претседателот на Руската Академија за образование, Људмила Вербицкаја.

„Јас сметам дека, без оглед на тоа дали станува збор за сосема малечки деца од претшколска возраст или повозрасни деца, овој наставен предмет за семејниот живот е многу важен и затоа се потрудивме да го изготвиме. Сигурна сум дека нема да нанесе никаква штета, туку напротив ќе ги подготви нашите ученици за иднината“, изјави Претседателката.

Вербицкаја додаде дека програмата за школскиот предмет ќе биде испратена до Министерството за образование и не е сигурно кога овој предмет ќе се појави во школскиот систем. Ваквиот предмет беше предложен од страна на советничката на Претседателот на РФ за детски права, Ана Кузнецова. Според нејзините зборови, овој предмет ќе биде дел од постоечките предмети со хуманитарна тематика.