Мојот Христос

Мојот Христос

Колку ми се допаѓа Оној Христос на слободата
Без вратоврска тесна,
Кој со облеката на љубовта ќе заползи по земјата
За да ја собере мојата прашина,
Да ја стори глина
Со својата блага плунка,
И да ја стави на моите очи за да видам добро.
Бавно. Со љубов. Со прифаќање. Без закани и ужаси.
Христе мој, ако не си таков,
Тогаш сум засакал некој друг Христос.