Во продажба се рачно изработени Божикни пештери

Божик е време кога треба да се потсетиме на најголемиот дар на Бога за целото човештво, најголемиот израз на Неговата љубов – раѓањето Негово од Дева, заради спасението на светот. Затоа сѐ на Божик треба да потсетува на тој спасителен за нас миг. Тогаш и домовите наши треба да го носат ликот на Витлеемската пештера, за со својот празничен амбиент да ја раскажуваат таа чудесна Божикна приказна за Божественото Дете, Кое дојде кај нас и ни ги донесе мирот, радоста, лубовта. Така, со благослов на својот старец, архимандрит Партениј, Раичкото сестринство, поттикнато од желбата да ја внесе божикната атмосфера во православните домови, се погрижи да изготви Божикни пештери и да така одговори на големиот инерес на верниците за вакви божикни украси. Пештерите се направени од различни прикладни материјали, уникатно украсени и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилце и претставуваат прекрасно надополнување на Божикното дрвце, во духот на нашата православна традиција.

Ги известуваме сите заинтересирани наши верници дека доколку сакаат да си ги украсат своите домови со рачно изработена Божикна пештера, можат да се јават на следниве броеви 078 201 140 и 071 228 814 за нарачка. Цената на една пештера е 3500 денари.