Покана за чествувањето на Свети Георгиј

На денот кога го славиме споменот на нашиот славен патрон и небесен застапник,

светиот великомаченик Георгиј Победоносец во неговиот свет манастир во Рајчица

  • Вечерната богослужба спроти 06 мај, ќе започне во 18:00 часот,
  • Следниот ден, 06 мај, во 07:30 часот ќе започне утрената служба

 

  • Во 09:00 часот ќе започне светата архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

 

  • На 7 мај во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј. После завршувањето на вечерната и панихидата следи свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение уште од утрото во 10 часот сѐ до започнувањето на Еордијата.

 

Ве покануваме да бидете гости на нашата манастирска слава, како и да земете учество во древната струшка литија, а литијата ќе се одвива по следниот редослед. Која пред неколку години беше обновена и збогатена со присуството на моштите на св. Георгиј од манастирот во Рајчица. Дојдете, почувствувајте ја радоста и благодатта на овие торжествени настани и примете го благословот на славниот Победоносец Георгиј.