Божиќни пештери за секој христијански дом

Еве наближува времето одново да се потсетиме на мигот кога Бог ни ја покажа Својата неискажлива и несфатлива љубов – раѓајќи се од Дева за да му донесе мир на светот и да го спаси целото човештво. Затоа треба сите да ја пренесуваме радосната вест за тоа свето раѓање, и од срце да се потрудиме Божик да го добие своето вистинско достоинствено место во христијанските домови. Бидејќи тогаш нашите домови треба да го понесат свечениот лик на Витлеемската пештера, за така украсени, со својот празничен амбиент да ја сведочат чудесната Божикна приказна за Божественото Дете, Кое дојде кај нас и ни ги донесе мирот, радоста, љубовта. Така, со благослов на својот Старец и Епископ Партениј, Рајчичкото сестринство, поттикнато од желбата да ја внесе божикната атмосфера во православните домови, се погрижи и оваа година да изготви Божикни пештери и да така одговори на сè поголемиот интерес на верниците за овој традиционален, уникатен божикен украс. Пештерите се направени од различни прикладни материјали, раскошно украсени и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилце и претставуваат прекрасно надополнување на Божикното дрвце, во духот на нашата православна традиција.

Ги известуваме сите заинтересирани наши верници дека доколку сакаат да си ги украсат своите домови со рачно изработена Божикна пештера, можат да пратат СМС или да се јават на следниoв броj  075 245 791 кај с. Филотеја за нарачка. Цената на една пештера изнесува 2000 денари. Нека божикната радост се всели во секој православен дом!