Известување за Божикниот пост

Почитувани верници,

Нека ви е благословен почетокот на Божикниот пост. Во пресрет на Рождеството Христово, да се очистиме себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнеме Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, нашето чисто срце и желба за последување на Неговото учење. Сите имаат благослов да постат, според нивните сили.

Исповед кај Старецот и другите духовници од манастирот ќе има почнувајќи од третата недела од постот.  Доколку, пак, некој сака да преноќева во манастирот, за тоа ќе мора претходно да се најави кај архондариците (гостоприемниците).

Повеќе информации за Божикниот пост можете да прочитате овде: Божикен Пост