Известување за Великиот пост

Почитувани верници,

На сите нека им е благословен почетокот на Великиот Пост, едни со други да се помириме и да си простиме. Исповед кај Старецот и другите духовници од манастирот ќе има преку сите викенди, како и во останатите денови на Постот, освен за време на Тримирот. Доколку, пак, некој сака да преноќева во манастирот, за тоа ќе мора претходно да се најави кај архондариците (гостоприемниците).