Манастирска слава во Рајчица

Почитувани верници, 

На денот кога го славиме споменот на нашиот славен патрон и небесен застапник, Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во неговиот свет манастир во Рајчица, ве известуваме: 
Празничната вечерна архиерејска богослужба во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Рајчица, денес, на 5 мај, ќе започне во 16:30 часот

Утре, четврток, 6 мај, во 8:30 часот, ќе започне Утрената со Пасхалниот канон, а во 9:00 часот, Светата архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува нашиот старец и владика, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј. 

Ве известуваме дека поради постојната пандемија на Ковид-19, а согласно мерките и препораките на Министерството за здравство, како и на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, богослужбите за Страсната седмица и Пасха во Свештената Бигорска Обител ќе се празнуваат со строго запазување на предвидениот протокол за заштита, односно со држење на соодветно растојание, носење на заштитни маски и ограничување на бројот на присутни. 

Христос воскресе!

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител