Покана

Почитувани наши читатели,

Ве известуваме дека на денот кога Православната Црква го слави споменот на Светите Рамноапостолни отци наши Кирил и Методиј, просветителите и духовните родоначалници на словенските народи, следната среда, на 24 мај, со почетокот во 9:00 часот, ќе се отслужи Света Литургија во бигорскиот скит посветен на солунските Браќа, во с. Битуше. Впрочем, тоа ќе биде првата Литургија што ќе се отслужи таму, иако храмот сè уште се наоѓа во фаза на изградба.

На Светата Литургија ќе присуствуваат сите монашки заедници под духовно раководство на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, односно братството на Бигорскиот Манастир и сестринствата од Рајчица, Пречиста и Кнежино.

Ги покануваме сите што имаат желба заедно со нас да го прослават годишниот спомен на великите наши Учители и Просветители.