Покана за манастирската слава

На денот кога го славиме сечесниот спомен на Рождеството на нашиот патрон и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован

Во петок спроти 7 јули во Бигорската свештена обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 21:00 часот, а со кое ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Во сабота наутро, на 7 јули, во 08:30 часот ќе биде пречекан нашиот надлежен владика, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј.

Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09:00 часот и со неа ќе чиноначалствува Високопреосвештениот Митрополит г. Тимотеј во сослужение со г. Иларион.

На бдението ќе гостува хорот при храмот „Св. Пантелејмон“ – Ахарна, Атина, Република Грција, под раководство на протопсалтот Илија Редијадис Тумбас, претседател на сојузот на протопсалти на Атина.

 

 

На торжествената манастирска слава се покануваат сите православни верници коишто негуваат почит и љубов кон светиот Претеча и Крстител Господов и кон неговото славно бигорско светилиште и коишто, заедно со монашкото братство, сакаат молитвено да го прослават споменот за неговото Рождество.