Распоред на богослужбите за Страсната седмица и Пасха

20 април – ЛАЗАРЕВА САБОТА
06:30 ч. – Утрена и Златоустова Литургија
16:00 ч. – Мала вечерна
20:00 ч. – Бдение (Вечерна, Утрена, Прв час)

 

21 април – ЦВЕТНИЦИ
07:30 ч. – Трети и Шести час, Златоустова Литургија
16:00 ч. – Деветти час, Вечерна богослужба
21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час

 

22 април – ВЕЛИК ПОНЕДЕЛНИК
07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови
16:00 ч. – Велико повечерие
21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час

 

23 април – ВЕЛИК ВТОРНИК
07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови
16:00 ч. – Велико повечерие
21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час

 

24 април – ВЕЛИКА СРЕДА
07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови
16:00 ч. – Мало повечерие
21:00 ч. – Утрена, Прв час

 

25 април – ВЕЛИК ЧЕТВРТОК
08:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Василиева Литургија
11:15 ч. – Општ Маслосвет
16:00 ч. – Мало повечерие
19:30 ч. – Утрена со 12 Страдални Евангелија (после 5-то Евангелие: Распетие Христово)

 

26 април – ВЕЛИК ПЕТОК
07:00 ч. – Царски Часови, Изобразителна
09:00 ч. – Вечерна со Погребение Христово и полагање на светата Плаштаница во Кувуклијата. Мало Повечерие
18:30 ч. – Утрена, Оплакување на Христа и литија со Плаштаницата

 

27 април – ВЕЛИКА САБОТА
09:00 ч. – Часови, Вечерна со Василиева Литургија
23:30 ч. – Полуноќница со канонот од Велика Сабота: Волною морскою

 

28 април – ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН (ПАСХА)
00:00 ч. – ДОЈДЕТЕ ПРИМЕТЕ СВЕТЛИНА
00:15 ч. – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
00:30 ч. – Утрена, Златоустова Литургија
16:30 ч. – Вечерна на Љубовта со читање на повеќе јазици на Евангелието за Воскресението

 

29 април – СВЕТОЛ ПОНЕДЕЛНИК
08:30 ч. – Пасхална Утрена, Златоустова Литургија

 

30 април – СВЕТОЛ ВТОРНИК
08:30 ч. – Пасхална Утрена со Златоустова Литургија
Веднаш после Литургијата – Пасхална литија – Покрсти со поклонение на моштите

 

03 мај – ИСТОЧЕН ПЕТОК
08:30 ч. – Утрена, Златоустова Литургија во Манастир: „Благовештение на Пресвета Богородица“ – Пречиста, Кичево
Веднаш после Литургијата – Пасхална литија до местото Господинец

 

Благослов да присуствуваат на богослужбите во оваа најсвета и Велика Седмица имаат сите што сакаат да ги чествуваат сечесните Христови Страдања и Неговото светло Воскресение заедно со нашето монашко братство.

Ви посакуваме благодатни денови и добро Воскресение!