Соопштение по повод именденот на Епископот Антаниски г. Партениј

Празнувајќи го споменот на нашиот отец меѓу светиите Партениј Лампсакиски, на 19 февруари 2021 година во свештената Бигорска обител:

 Ќе се отслужи празнична Вечерна богослужба, која ќе започне во 17:30 часот.

 Следниот ден, на 20 февруари, во 07:30 часот ќе започне утрената богослужба.

 Во 08.45 часот ќе започне божествената архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува нашиот Старец и Епископ г. Партениј, во сослужение со јеромонасите од братството.


Ве известуваме дека поради постојната пандемија на Ковид-19, а согласно мерките и препораките на Министерството за здравство, како и на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, именденот на нашиот Старец и Епископ г. Партениј во Свештената Бигорска Обител ќе се празнува со строго запазување на предвидениот протокол за заштита, односно со држење на соодветно растојание и ограничување на бројот на присутни. Со оглед на тоа што на богослужбите ќе присуствуваат братството на манастирот, останатите негови жители, како и сестрите од сестринските манастири, веќе е пополнет максималниот број на присутни, согласно препораките. 

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител