Соопштение по повод искачување и Литургија на врв Крчин

Почитувани,

Бигорската и Рајчичката Обител со особена радост ве информираат дека настанот „Искачување и Божествена Литургија на врвот Голем Крчин“ оваа година ќе се одржи на 23 август, а во согласност со определените мерки за заштита и превенција од вирусот COVID – 19, кои сите учесници ќе бидат должни да ги почитуваат.

И оваа година, заради обезбедување на учесниците ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид, како и професионални екипи на Црвениот крст од повеќе градови на нашата земја. Меѓу другото, сите планинарски и алпинистички клубови кои ќе земат учество, доколку сакаат, можат да го помогнат настанот со тоа што ќе пријават и лиценцирани планинарски водичи, со лиценца од МАИВП или ФПСМ. Координатор меѓу сите водичи ќе биде лице од манастирот. 

Тежина на патеката: Од средно-тешка до тешка и трае околу 4 часа. Попатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква.

Пријавувањето за учество е задолжително. Заради несакани последици, на искачувањето не е дозволено да земат учество лица кои имаат здравствени проблеми и несоодветна психо-физичка подготовка. Токму затоа, ве молиме да го потврдите вашето присуство, како и бројот на членови и водичи кои ќе присуствуваат од вашиот клуб, кај сестра Ефимија (манастир Св. Георгиј Победоносец, Рајчица) на тел: 070 290 210 (после 17 часот).

Време на собирање/поаѓање: 23 август 2020 (недела), 02:30 – 03:00 часот. Пристигнување на врвот во утринските часови.

Место: Пред скитот во изградба, посветен на Свв. Кирил и Методиј.

Враќање: Организирано поаѓање од врвот Голем Крчин веднаш после завршувањето на богослужбата.

НАПОМЕНА:

Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.

Наведениот настан е организиран и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.

Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред почетокот на настанот, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвиденото патување.

Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на настанот во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Пријавувањето на кај сестра Ефимија 070 290 210 е задолжително

Галерија од минатогодишниот настан (2019 година)