Соопштение по повод споменот на Св. Параскева

Почитувани празникољупци,

На денот кога го славиме споменот на света Параскева Римјанка (08. 08. 2020 л. Г.) ве известуваме дека централното празнување ќе се одбележи со Света архиерејска Литургија во славниот Галичник, во стариот храм посветен на света Параскева. Со благослов на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, со Божествената Литургија која ќе започне во 09 ч., ќе чиноначалствува игуменот на Бигорската Обител и епископ Антаниски, г. Партениј.

Исто така, во село Гари, со почеток во 09 ч., во храмот на Пресвета Богородица ќе се отслужи Божествена Литургија, на која учество ќе земат братството и сестринството од Бигорската и Рајчичката Обител.

Со оваа прослава, не само што ќе ѝ оддадеме почит на Светителката Параскева, туку и заедничкото празнување со потомците на славните Мијаци ќе го посветиме на прославата на Големиот Јубилеј – 1000 години од основањето на нашиот славен Бигорскиот манастир.