Соопштение по повод Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден 2018

Во чест на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов – Крстовден, во свештената Раичка обител на светиот великомаченик Георгиј Победоносец на 26 септември 2018 г. (среда),

Ќе се отслужи свечена и празнична вечерна богослужба, со почеток во 18:30 часот. На крајот од вечерната богослужба, проследен од стиховите на празничниот тропар и раскошно украсен со цвеќе, ќе биде изнесен на вход крстот со честичка од Чесното Дрво и потоа повторно ќе биде внесен во олтарот.

Следниот ден, четврток во 07:30 часот ќе започне Утрената богослужба. На крајот од утрената од светиот Престол, од олтарот, ќе биде изнесен сребрениот филигрански крст, во кој се вметнува крстот од времето на игуменот Арсениј со честица на Чесниот и Животворен Крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир. По чинот на Воздвижение на крстот, на верниците ќе им се даде можност и да се поклонат пред Живоносното и спасително Дрво на нашиот Господ Исус Христос.

Во 9:00 часот ќе започне Света Божествена Литургија.

Дојдете сите заедно победнички да го издигнеме Чесниот Крст на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, нашето оружје и нашата надеж за спасение, и откако ќе го прославиме, радосно да се причестиме со светите Христови Тајни.