3166

Соопштение за 1000-годишнината од основањето на Охридската Архиепископија

Почитувани читатели и љубители на нашето духовно и културно наследство,

Ве известуваме дека во недела и понеделник, на 27ми и 28ми мај, во древниот и прекрасен Охрид, со големи торжества ќе биде прославен многу значајниот и редок јубилеј – 1000 години од основањето на светата Охридска Архиепископија, чијашто автокефалност денес е возобновена во лицето на Македонската православна црква.

По тој повод изготвена е посебна програма за чествување:

27 мај недела:

  • 17:00 ч. – Молебен во храмот на Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон – Плаошник;
  • 18:30 ч. Во соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ ќе се одржи свечена Академија, на која свое обраќање ќе имаат: Н. Б. Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Н. В. Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорге Иванов и Претседателот на Владата на Р. Македонија г. Зоран Заев;
  • 19:15 ч. Исто така во храмот Света Софија – концерт на камерен оркестар на Македонската филхармонија и заеднички настап со монашките хорови на братство на Бигорската Обител и сестринства од Рајчица и Пречиста:

Тропар на Педесетница, глас 8
Всякое дыхание, глас 1
Грядий Господъ къ волной страсти, глас 1
Днесь адъ стеня вопиетъ, глас 8
Всемирную славу, догматик глас 1
Христос воскресе, глас 5
Величание на светиот Јован, прв Архиепископ Охридски, глас 8

  • 20:00 ч. Свечен коктел во тремот на храмот

28 мај понеделник:

  • 09:00 ч. Света и Божествена Архиерејска Литургија во храмот Света Софија

Поканата за учество во овие значајни настани е упатена кон сите. Да бидеме сите заедно дел од неповторливото торжество на нашата Мајка Црква – илјадалетие од основањето на светата и преславна Охридска Архиепископија!