4158

Соопштение за Богојавление

Распоред на празничните богослуженија

 

Среда (17 јануари)

23:00 – 04:00 Сеноќно бдение

04:00 – 04:30 Богојавленски Голем водосвет во манастирската фијала

 

Петок (19 јануари) ВОДИЦИ

07:00 – 08:30 Божествена Златоустова Литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во с. Ростуше

09:00 Почеток на торжествена Литија од храмот „Пресвета Богородица“ во с. Ростуше до „Ростушки мост“ на р. Радика

 

Сите што сакаат да бидат во водите на р. Радика, во мигот кога тие ќе бидат допрени од светиот крст, треба претходно да присуствуваат на божествената Литургија и свечената Литија, бидејќи Големиот водосвет е исклучително духовен и свет чин, а не некаков световен спектакл, или пак, натпреварувачка игра.

Со благослов на Архимандрит Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител