Соопштение за Ѓургиц

Возљубени верници и пријатели,

Со особена духовна радост ве информираме дека по повод празнувањето на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во спомен на возобновувањето на неговиот храм во Лида Палестинска – Ѓурѓиц, во неговиот славен манастир во Рајчица, во недела, на 16 ноември, во 07:30 ч. ќе започне празнична Утрена богослужба, и во 09:00 ч. – Божествена архиерејска Литургија со којашто ќе чиноначалствува Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

Молитвите и благословот на свети Георгиј Победоносец да бидат со вас!