Соопштение за споменот на света Параскева

Почитувани празникољупци,

На денот кога го славиме споменот на преподобната Параскева (14/27 октомври 2021 л. Г.), централното празнување ќе се одбележи со Света архиерејска Литургија во храмот посветен на преподобната, во градот Дебар. Со благослов на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, со Божествената Литургија ќе чиноначалствува игуменот на Бигорската Обител и епископ Антаниски, г. Партениј.

Утрената богослужба ќе започне во 7:30 ч., пречекот на Архијерејот ќе биде во 8:30 ч., а Светата и Божествена Литургија ќе започне во 9:00 ч.

Ги замолуваме богољубивите Христијани кои сакаат да земат учество во оваа Трпеза Господова, подготвена во слава на нашиот Спасител Христос и во чест на преподобна Параскева, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита од корона вирусот.