Бугарскиот цар: Сослужението меѓу БПЦ и МПЦ-ОА е нормална работа

Извор:

Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски изјави дека е нормално Бугарската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија да имаат заедничко сослужение.

„Во двете соседни земји, меѓу двете соседни цркви е нормално“, вели пред БГНЕС Симеон Сакскобурготски, цар на Бугарија од 1943-1946 г. и премиер од 2001 до 2005 г. Сакскобурготски ја кажа оваа изјава после заедничката служба, којашто ја отслужија во храмот „Свети Александар Невски“ бугарскиот патријарх Неофит и рускиот патријарх Кирил во врска со 140 години од ослободувањето на Бугарија од турското ропство.

Неговиот призив станува само неколку дена откако македонскиот премиер Зоран Заев официјално го поддржа сослужението меѓу двете цркви. „Се надевам дека сосема скоро ќе има заедничка литургија меѓу бугарската и македонската црква – во Бугарија или во Македонија“. „Во рамките на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ние се договоривме дека сите дејствија, коишто ќе допринесат за задлабочување на соработката, ние ќе ги поткрепиме. Јас се надевам дека сосесма скоро ќе имаме заедничка Литургија во нашата држава или во Бугарија“, рече Зоран Заев. Призивот за заедничка Литургија меѓу двете држави доаѓа и само десетина дена по канонската посета на бугарскиот претседател Румен Радев во Бигорскиот Манастир. Радев и двајцата бугарски митрополити Николај и Кипријан влегоа во Светата Обител пречекани со биење на  камбани и огромно мноштво народ. Радев високо ја оцени улогата на Бигорскиот манастир во минатото и сегашноста. Пред тоа, во храмот „Свети Спас“ во Скопје, пред гробот на легендарниот раководител на ВМРО Гоце Делчев, митрополитот Николај отслужи молебен во присуство на македонски свештеници.