Бугарскиот Претседател Радев: БПЦ треба да води сметка за нашата блискост со Македонија

Извор:

Претседателот на Р. Бугарија г. Румен Радев денес, како одговор на прашањето на Агенцијата БГНЕС дали ги поткрепува заложбите на БПЦ за признавање на независноста на МПЦ- Охридска архиепископија и заедничкото сослужение меѓу двете цркви, меѓу другото кажа: „Тоа прашање е целосно во прерогативите на БПЦ. Но, како што гледате и можеби помните, за време на мојата официјална посета на Република Македонија јас бев со двајца почитувани бугарски митрополити. Едниот од нив беше Пловдивскиот митрополит Николај, а другиот Старозагорскиот Кипријан“. Потоа додаде: „Тука државата не може да се меша, но кога православните цркви ќе го решаваат ова прашање треба да се води сметка дека од двете страни на границата меѓу Република Бугарија и Република Македонија ние имаме заеднички имиња, ние имаме заедничка историја, ние имаме заеднички празници и сме исклучително блиски. Нека води сметка за тоа и црквата“ – изјави државната глава на Р. Бугарија.