Вкусна чоколадна торта, без масло за великопосните денови
Во длабок сад истурете го брашното, водата, газираниот сок, шеќерот, содата и мешајте со миксер за да се соедини смесата. Потоа додајте го сувото овошје, мармаладот и повторно мешајте. Истурете ја смесата во плех во кој претходно се посипува малку брашно и печете на 180℃ околу 30-тина минути.
Филот за премачкување се прави во блендер. Најпрво се ставаат сувите урми и екстрактот од ванила или ванилиниот шеќер и се додава мало количество топла вода колку да се добие густа смеса. Откако ќе се добие кашата од урми, се додава целото какао и мелените ореви (лешници). Се меша целта смеса во блендер за да се добие крем маса. По потреба се додава шеќер во прав во зависност од вкусот и од количината на урмите.
Откако ќе се испече пандишпанот го покриваме со крпа да отстои 5-10 мин. потоа цедиме сок од портокал и го полеваме одозгора. Потоа го нанесуваме филот на сите страни и посолуваме со рендана кора од портокал (по желба може и кокос). Откако ќе олади целосно, тортата ја ставаме во фрижидер.
- Додавањето на шеќер во прав во филот зависи од урмите. Колку повеќе урми, толку смесата е по блага.
- При блендирање на урмите и мешање на целата смеса во филот, можеби ќе биде потребно со лажица да се промешува, бидејќи самиот блендер нема толкава можност да ја испасира крем смесата бидејќи е многу густа.
- Од тоа дали сакате да добиете потврда или помека смеса за филот со урми, зависи од количината на водата која се додава.
- Доколку имате додадено премногу вода, може да додадете лебни трошки за да добиете погуста смеса.
- По желба, во филот со урми можете да додадете 1-2 лаж. рум или друг овошен екстракт.
https://bigorski.org.mk/magernica/