Прекрасни макарони со печурки и сирење приготвени на манастирски начин
Макароните најпрво се варат и се цедат од водата.
Потоа се ставаат во длабок сад, им се додава изрендано сирење и претходно изматените јајца и сето тоа се меша додека не се соедини.
Во меѓувреме, настрана во сад се загрева масло и се пржи кромидот со малку сол.
Кога ќе порумени, во него се додаваат исецканите печурки и сè заедно се пржи додека не испари водата и се зачинува по вкус со сол, бибер и зачин.
На крај се намастува длабока тава со малку масло, се става половината од макароните, па се додаваат печурките и останатите макарони.
Се пече околу 15′-20′ на 200°C.
Ова јадење може да се сервира со павлака или со таратур салата.
https://bigorski.org.mk/magernica/