Посни сочни ќофтиња (без масло)
Се рендаат морковите, тиквичката и компирот. Смесата се остава да се исуши. Може да се остави да се процедува преку цедалка или да се истиска. Се додава ситно исечкан кромид и лук. Се додава брашното од овес заедно со зачините по желба. Хељдата се додава во количина додека да се добие полуцврста смеса која може да се облекува во форма на ќофтенца. Се оформуваат ќофтенца кои се покриваат со сусам.
Се редат во тава за печење и се печат на 170 степени 40 мин (или зависно од рерната) додека да добијат румена боја.
Брашното од овес може да се замени со лебни трошки. Брашното од хељда може да се замени со пченкарно или пченично брашно. Во смесата може да се додадат и семки по желба (сончоглед, тиква).
Може да се сервираат со павлака од индиски ореви.
https://bigorski.org.mk/magernica/