Посни макарони со спанаќ и ореви (без масло) кои можете да ги направите во деновите од Великиот пост.
Макароните се варат во солена вода според упатството на пакувањето.
Кромидот, прзот и морковот се сечкаат на парчиња и потоа се динстаат за да омекнат.
Кога ќе омекнат се додава и спанаќот се вари уште пет минути и потоа се блендират сите заедно. Се добива една смеса како зелена каша.
Потоа изблендираната зелена каша се соединува со претходно сварените макарони.
Таанот се разбива со вода во блендер, му се додава лукчето и заедно се блендират. Потоа се додава на макароните.
Се додаваат мелените ореви и мелен сочоглед. Може да се додат и други семиња по желба.
Декорирајте и послужете. Може да ги послужите со маслинки.
https://bigorski.org.mk/magernica/