Посни макарони со спанаќ (на вода)

Посни макарони со спанаќ (на вода)

Посни макарони со спанаќ и ореви (без масло) кои можете да ги направите во деновите од Великиот пост.

Вид на јадење Главно јадење
Кујна Бигорска, Македонска
Клучни зборови Макарони, Ореви, Посни јадења, Спанаќ, Таан, Тестенини, Шпагети
Време за припрема 5 минути
Време на подготовка 25 минути
Вкупно време 30 минути
Сервирање 4 лица
Автор Бигорски Манастир

Сосотојки

  • 1 пак. макарони (шпагети) 500 гр.
  • 500 гр. спанаќ (свеж или замрзнати брикети)
  • 1/5 глава кромид
  • 1/5 праз
  • 1 морков
  • 1 чешне лук
  • ореви по желба (околу 50-100 гр.)
  • сончоглед по желба (околу 20-50 гр.)
  • 3-4 лаж. таан
  • сол по вкус

Начин на подготовка

  1. Макароните се варат во солена вода според упатството на пакувањето.

  2. Кромидот, прзот и морковот се сечкаат на парчиња и потоа се динстаат за да омекнат.

  3. Кога ќе омекнат се додава и спанаќот се вари уште пет минути и потоа се блендират сите заедно. Се добива една смеса како зелена каша.

  4. Потоа изблендираната зелена каша се соединува со претходно сварените макарони.

  5. Таанот се разбива со вода во блендер, му се додава лукчето и заедно се блендират. Потоа се додава на макароните.

  6. Се додаваат мелените ореви и мелен сочоглед. Може да се додат и други семиња по желба.

  7. Декорирајте и послужете. Може да ги послужите со маслинки.