Настани

Да станеме плодна почва за Божјото слово – Божествена Литургија и духовна омилија на владиката г. Партениј во Пречиста

Во благодатната атмосфера на вчерашниот неделен ден, 1 ноември, древната Богородична обител „Пречиста Кичевска“ повторно стана место на особена духовна радост, молитвено заедничарење и жива средба со Божјото слово. Имено, на срдечна покана од тамошното монашко сестринство, предводено од старешинката монахиња Харитина, нашиот возљубен старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј, ја отслужи неделната Божествена…

Мајчинството како благослов, родителството како подвиг – владиката г. Партениј во срдечна средба со многудетни семејства

Во текот на денешниот саботен ден, нашата Бигорска свештена обител беше исполнета со една особена радост – радоста на детските гласови, на родителската љубов и на благословеното заедничарење во Христа. Имено, по иницијатива и со татковска грижа на нашиот возљубен старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј, во манастирот се одржа несекојдневна и длабоко срдечна…

Украинската амбасадорка во Бигорски со роденденски благопожелби за Епископот Партениј

Денеска нашата Света Обител одново ја имаше честа да ја пречека Н.Е. Амбасадорката на Украина, г-ѓа Лариса Дир, заедно со нејзината придружба. Ценетата гостинка допатува во Бигорскиот манастир водена од својата благочестива желба да се поклони на светињата и молитвено да го побара благословот на светиот Претеча и Крстител Јован, а воедно и да му…

Бигорски – место на средба на традицијата и современите знаења за заштита на дрвото

Во прекрасниот амбиент на нашата Бигорска свештена обител, каде што вековната традиција на дрворезбата, уметноста и занаетчиството претставува нераскинлив дел од богатото духовно и културно наследство, деновиве се одржа интересна и содржајна стручна презентација посветена на современите технологии и производи за заштита, обработка и нега на дрвото. Со благослов на нашиот возљубен старец и игумен,…

Триесет и пет години патријаршиско служење во љубов и вистина

Со чувства на длабока духовна радост, искрена синовска љубов и неизмерна благодарност кон Бога, нашата Бигорска свештена обител се придружува кон молитвените чествувања по повод големиот и благословен јубилеј – триесет и пет години од изборот на Неговата Божествена Сесветост, Архиепископот на Константинопол – Нов Рим и Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, на свештениот Првопрестол…

Излезе од печат научната монографија „Религиското образование и ΠΑΙΔΕΙΑ: Компаративно-правни перспективи“ од монахињата Ефимија (Зајковска)

Свештената Бигорска Обител ја известува јавноста дека од печат излезе научната монографија „Религиското образование и ΠΑΙΔΕΙΑ: Компаративно-правни перспективи“, авторски труд на монахињата Ефимија (Зајковска), член на сестринството од манастирот „Свети Георгиј Победоносец,“ Рајчица. Книгата е достапна во печатена форма, но и во електронска верзија за сите заинтересирани читатели на официјалниот веб-сајт на Бигорскиот манастир. Ова…