Настани

Оживеано древното бигорско кројачко наследство – изработени верни реплики на свештеничките одежди од XVIII век

По иницијатива и благослов на нашиот возљубен старец и игумен, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј, чијашто постојана грижа е насочена кон зачувувањето, проучувањето, промовирањето и живото продолжување на богатото духовно и културно наследство на Бигорската обител, во манастирската кројачница деновиве беа изработени нови свештенички одежди, осмислени како верни и достоинствени реплики на драгоцените бигорски…

По патеките на Дичо Зограф: Седмата Малореканска летна школа во Бигорски

Во деновите од 30 август до 4 септември 2026 година, Бигорската свештена обител и Малореканскиот крај повторно станаа средиште на еден значаен научен и културен собир – Седмата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, која низ изминатите години се изгради во препознатлива, угледна и високо реномирана меѓународна научна средба, посветена на проучувањето, афирмацијата…

Кога височините стануваат храм – Евхаристија на Голем Крчин

Под пространиот небесен свод на Дешат, каде величествениот Крчин како стамен стражар се издига над живописната Река; таму каде што длабоката ноќ го остава својот мистичен плашт за во раното утро да се облече во милна светлина; каде планинската тишина зборува на својот препознатлив јазик; каде секој нагорен чекор станува благословен подвиг на човечкото восходење…

Шести Летен камп по Вероучение

Во тивката и живописна прегратка на планината Дешат, бигорскиот скит „Свети Кирил и Методиј“ во Битуше, уште еднаш и за последен пат ова лето, ги отвори своите порти за uда биде сведок на една прекрасна духовна бајка. Со завршувањето на шестиот по ред камп заврши и овогодишната летна сезона, која зад себе остави стотици насмеани…

Плодови на верата и креативноста: Заврши петтиот летен камп по Вероучение во Битуше

Со голема благодарност кон Бога и неискажлива духовна радост, во Бигорскиот скит посветен на Светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј во живописното село Битуше, со благослов на нашиот сакан игумен и епископ Антаниски, г. Партениј, се одржа уште еден, петти по ред, летен камп по Вероучение за деца. Покрај редовните часови по Вероучение, молитвените собранија,…

Архиерејскиот жезол на Скопскиот митрополит Гавриил (1832–1844) на Света Гора

Меѓу многуте благословени и трогателни мигови што го одбележаа неодамнешното поклонение на нашиот возљубен старец и игумен, Неговото преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, на Светата Гора Атонска, еден особен настан во свештениот Кутлумушки скит на светиот великомаченик и исцелител Пантелејмон во Кареја како да спои две далечни точки од црковната историја. За време на сеноќното…