Чуда на Свети Јован

Ново чудо во Бигорски

Деновиве на манастирска електронска пошта стаса уште едно сведоштво за чудо, поскоро за една серија чуда сотворени од нашиот најмил небесен застапник, Свети Јован Претеча и Крстител. Ви го пренесуваме писмото во целост: Молитва пред Бигорската чудотворна икона на Свети Јован Крстител и Претеча Здраво.  Сакам со моево писмо да посведочам за тоа што ми…

Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат

Неколку дена пред главната манастирска слава на Свештената Бигорска Обител, во спомен на Усекновението на чесната глава на нашиот небесен Застапник, Свети Јован Крстител, одлучивме да споделиме со вас уште неколку чуда на овој „небесен човек и ангел во тело“, кои се случија неодамна, како своевидно навестување и покана за неговиот претстоен празник. Зашто тој,…

Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски

На една недела до нашата манастирска слава во чест на Раѓањето на нашиот небесен Застапник, Свети Јован Крстител, решивме да објавиме уште неколку чуда на овој „небесен човек и ангел во тело“ кои се случија неодамна, како своевидно навестување и покана за неговото претстојно торжество. Зашто тој, во денот на своето Раѓање, е особено благодатно…

Чуда на Преподобниот Јоаникиј Ракотински во Бигорски

Во периодот од 2008-2010 година чесните и чудотворни мошти на новопројавениот Светија, Преподобниот Јоаникиј Ракотински, чиј спомен се слави денес, привремено престојуваа во параклисот „Свето Благовештение“ во Свештената Бигорска Обител. По нешто повеќе од двегодишниот престој на моштите на Преподобниот во Бигорски, кога веќе започнаа подготовките за претстојното негово впишување во Диптихот на светиите, нашиот…

Уште чуда на Свети Јован во Бигорски

Свети Јован Крстител, детаљ од живописот на малата купола во нартексот на Бигорскиот соборен храм, почеток на 19 век. Свети Јован Крстител им дарува дете на повозрасни родители, иако медицината велела дека за нив детераѓањето не е можно „Почитувано братство на Бигорски манастир! Моето име е Катерина Андоновска Богатинова. Сведочам за чудо по вашите молитви.…

Чудата на Свети Јован во Бигорски никогаш не престанале и не престануваат

„Денес од неплодна утроба изникна плод – Јован Претечата. Весели се, пустино, и ликувај, човештво, бидејќи доаѓа проповедникот на покајанието, за да се воплоти во утробата мајкина. Дојдете, празникољупци, да ликуваме, радувајќи се, поради неговото славно зачнување, извикувајќи: Ти, којшто си најголемиот меѓу родените од жена, не престанувај да се молиш за оние што со…