Бигорскиот манастир срдечно го пречека во својата живописна прегратка директорот на Агенцијата за иселеништво, г-динот Слободан Близнаковски. Негова посета беше поттикната од еден навистина прекрасен повод – тој ја искористи можноста на нашиот сакан Старец и игумен, епископот Антаниски Партениј да му врачи благодарница за неговиот несебичен ангажман во досегашната плодна соработка со Агенцијата. Имено поттикнат од бројните активности на нашиот владика за унапредување на дијаспората, раководителот на Агенцијата посака да ги сподели со него радоста и задоволството од досегашните постигнувања, и да ги зацврсти темелите за понатамошна уште поголема соработка. Во пријатен разговор со бигорскиот игумен, тој го искажа восхитот од големото дело што манастирот го прави со нашите луѓе во дијаспората и ја понуди својата помош и поддршка за сите идни богоугодни проекти што го имаат за цел духовниот и културниот просперитет на нашиот народ, и овде во земјата и надвор од неа.
Поврзано

Литургиско празнување на споменот на Свети Партениј Лампсакиски
- 20 февруари 2022

Навечерие на Свети Партениј и именден на Старецот
- 20 февруари 2022

Духовните чеда за Старецот, по повод неговиот именден
- 20 февруари 2022

Споменот на Свети Партениј – наша средба со Бога
- 20 февруари 2022

Благодарница за Бигорски од „ПОРАКА“
- 29 мај 2021