Бигорскиот манастир срдечно го пречека во својата живописна прегратка директорот на Агенцијата за иселеништво, г-динот Слободан Близнаковски. Негова посета беше поттикната од еден навистина прекрасен повод – тој ја искористи можноста на нашиот сакан Старец и игумен, епископот Антаниски Партениј да му врачи благодарница за неговиот несебичен ангажман во досегашната плодна соработка со Агенцијата. Имено поттикнат од бројните активности на нашиот владика за унапредување на дијаспората, раководителот на Агенцијата посака да ги сподели со него радоста и задоволството од досегашните постигнувања, и да ги зацврсти темелите за понатамошна уште поголема соработка. Во пријатен разговор со бигорскиот игумен, тој го искажа восхитот од големото дело што манастирот го прави со нашите луѓе во дијаспората и ја понуди својата помош и поддршка за сите идни богоугодни проекти што го имаат за цел духовниот и културниот просперитет на нашиот народ, и овде во земјата и надвор од неа.
Поврзано
(Видео) Во прегратката на Претечата – три нови монашки рожби во Бигорски
- 11 септември 2026
Семантичко светогрдие, или трагичната еволуција на духовниот јазик
- 9 септември 2026
Честитка по повод Денот на независноста
- 8 септември 2026
Соопштение по повод манастирската слава
- 5 септември 2026











