Богослужби

Со Крстот Христов кон прегратката на Богомајката

Постот е пат. Пат на враќање кон себеси, на стишување на вревата во срцето, на очистување на погледот за повторно да можеме да Го видиме Бога и да ја почувствуваме Неговата близина. А светиот Богородичен пост, кој денес го започнуваме, е еден особено нежен и благодатен пат – пат што нè води кон сечесното Успение…

Со полно срце од Богородичната Градина – благодатен завршеток на светогорското поклонение

Нашето поклонение во Светата Гора Атонска, кое во изминативе денови, по милоста и застапништвото на Царицата Мајка, ни подари толку многу благословени средби, свештени богослуженија и незаборавни духовни доживувања, по Божјата милост заврши исто онака благодатно како што и започна – во молитва, во евхаристиско заедничарење и во монашката братска љубов на светогорските отци. По…

(Видео) Благодатна светогорска ноќ во Скитот на свети Пантелејмон – историско архиерејско служење на Старецот

Историски настан во Богородичната Градина Во свештената исихија на Богородичната Градина, каде што времето како да го губи својот вообичаен тек и се претвора во непрестајно очекување, но и среќавање на вечноста, синоќа, во Кутлумушкиот скит на светиот славен великомаченик и исцелител Пантелејмон во Кареја, се оствари еден особено трогателен, благодатен и историски настан за…

Илинденска евхаристиска радост во славното Лазарополе

„Во тело ангел, темел на пророците, втор Претеча на доаѓањето Христово, Илија славен, од висините му испрати на Елисеј благодат, болести да лекува и лепрозни да очистува. Затоа и на оние коишто го почитуваат, им дава исцеленија.“ – Тропар на свети пророк Илија, глас 4 Во височините на Бистра, среде величествената убавина на мијачкиот крај,…

Литургиско собрание во древното светилиште на свети архангел Гавриил – Манастирец

„Водачу на небесните војски, ние недостојните секогаш те молиме, со своите молитви да нѐ оградиш под заслонот на крилјата на твојата слава бестелесна, пазејќи нѐ нас, кои грижливо ти се приклонуваме и повикуваме: Од неволји избави нѐ, како началник на вишните сили.“ – Тропар на Собор на Свети Архангел Гаврил, глас 4 Во живописниот предел…

Споменот на Првоапостолите во Бигорски

Во тајната на Божјата промисла, човечките различности престануваат да бидат бездна на разделувањето, станувајќи простор во кој се прославува неискажливото благодатно заедничарење како дар на Светиот Дух. Неприкосновена вистина, која најсилно одекнува токму денес, на празникот на светите апостоли Петар и Павле, во чиишто ликови Црквата ја согледува и ја празнува големата антиномија на спасението.…