Си живееше еден многу сиромашен селанец со својот син. Сé што имаа тие беше една кобила. Еднаш кобилата им избега, па нивниот сосед дојде и им рече:
„Колку страшно, ви побегна кобилата!“
А селанецот на тоа одговори:
„Јас не знам дали е страшно или не. Бог знае. Божја волја, слава Му“.
Следниот ден кобилата се врати и со себе донесе цело стадо диви коњи. Сите соседи се собраа и коментираа:
„Каква среќа. Кобилата ти донесе толку многу други коњи. Сега си богат човек“.
„Јас не знам дали е тоа добро или лошо. Бог знае. Божја волја, слава Му“.
Синот на селанецот посака да ги скроти коњите, и јавна еден од нив. Но коњот го фрли далеку од себе, тој ја скрши ногата и остана сакат. Соседите му рекоа на селанецот:
„Каква несреќа те снајде. Син ти остана сакат“.
Селанецот пак одговори:
„Јас не знам дали е тоа среќа или несреќа. Бог знае. Божја волја, слава Му“.
Набрзо потоа дојдоа војници во селото и сите способни млади луѓе ги мобилизираа за војна. Го зедоа и синот на соседот, а оној на селанецот не, оти беше сакат. Тогаш соседот му рече:
„Можеби никогаш повеќе не ќе си го видам синот. Но ти си среќен, твојот син го поштедија“.
А селанецот повторно смирено одговори:
„Јас не знам дали е тоа среќа или несреќа. Бог знае. Божја волја, слава Му“.