Моливот и гумата за бришење

Гумата за бришење го прашала моливот:

– Како си, пријателе? 

Моливот налутено одговорил: 

– Не сум ти пријател, те мразам. 

Гумата, изненадена и тажна, прашала: 

– Зошто? 

Моливот одговорил: 

– Затоа што го бришеш тоа што го пишувам. 

Гумата му рекла: 

– Јас бришам само грешки. 

Моливот прашал:

– А зошто го правиш тоа? 

Гумата одговорила:

– Јас сум гума, тоа е мојата работа. 

Моливот возвратил:

– Тоа не е работа! 

Гумата продолжила: 

– Мојата работа е исто толку корисна како и твојата. 

Моливот со груб тон рекол:

– Грешиш и арогантна си, затоа што оној кој пишува е подобар од оној кој брише. 

Гумата одговорила:

– Отстранувањето на она што е погрешно е исто толку важно како и пишувањето на она што е правилно. 

Моливот замолкнал за миг, а потоа со тага рекол: 

– Но, те гледам како секој ден стануваш сè помала. 

Гумата му одговорила: 

– Затоа што секој пат кога ќе избришам грешка, жртвувам дел од себе. 

Моливот со рапав глас рекол: 

– И јас се чувствувам понизок од порано. 

Гумата го тешела, велејќи:

– Не можеме да им правиме добро на другите, доколку не сме подготвени да жртвуваме дел од себе. 

Потоа милостиво го погледнала моливот и го прашала:

– Уште ли ме мразиш? 

Моливот се насмевнал и одговорил:

– Како можев да те мразам, кога толку се жртвуваш?!

Секој ден се будиш, а ти останува уште еден ден помалку. 

Ако не можеш да бидеш молив што ќе ја напише среќата на другите, биди добра гума што ќе ги избрише нивните грешки и таги и ќе сее надеж и оптимизам во нивните души, потсетувајќи ги дека иднината е поубава. 

Секогаш бидете благодарни и пожртвувани.