Некој пагански цар го прашал својот министер-христијанин:
– Зошто вашиот Бог мораше Самиот лично да дојде на земјата, наместо да ги испрати ангелите за да го спаси светот? Ако не ми одговориш ќе дадам наредба да те убијат.
Министерот го замолил царот да му даде една недела за размислување и царот се согласил. Тогаш министерот викнал мајстор, кој со голема вештина му направил платнена кукла, што многу личела на царската ќерка.
Кога поминала неделата, следното утро царот излегол на прошетка кон езерото и само што не паднал од ужас: му се причинило дека неговата сакана ќерка паднала во водата и почнала да се дави. Во истиот миг, царот без размислување скокнал во езерото за ја спаси. Издишал со олеснување, кога видел дека тоа била само обична кукла.
– Зошто ти, цару, не прати некој друг да ја спаси ќерка ти, туку самиот се фрли во водата? – го прашал тогаш министерот.
– Зарем може татковото срце да истрпи, кога гледа дека неговото дете гине! – воскликнал царот.
– Ете затоа и нашиот Бог дојде Самиот, а не ги испратил другите.
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022