Волшебни наочари

Колку жално што сега нема волшебници! Тие би ги исполнувале нашите желби, – кажа малечката Кате, разгледувајки го двогледот на мајка и која таа го добила на својот роденден. – Тогаш јас би знаела што да посакам од нив.
-Изгледа ќе посакаш двоглед како мојот? – со насмевка одговори мајката.
-Не баш ваков. Јас би посакала двоглед со кој ќе гледам не само лица и предмети , бидејќи и така доволно добро ги гледам, туку би сакала да видам што се крие позади нив. На пример, јас сакам да знам што луѓето имаат во срцето, кој од нив е добар, а кој злобен, би сакала да ги знам нивните мисли, желби.
-Многу ме радува, – рече мајката, – што ти немаш ваков двоглед; инаку ти би добила многу непријатели.
-Зошто, мамо? –праша девојчето.
-Зарем ти мислиш, мило мое дете, на луѓето би им било пријатно да знаат, дека тие ништо неможат да сокријат и дека нивните срцата се отворени пред тебе? Чекај, се сетив на една бајка. Таа ќе ти објасни тоа што ти не го разбираш.
Многу одамна живеел еден човек. Тој сакал да има наочари со стакла какви што и ти сакаш, и ги добил. И еднаш, кога тој ги ставил неможел повеќе да ги симне. Што се случило? Срцата на луѓето со сите нивни мисли се отворале пред него, но во нив тој гледал повеќе лоши работи од колку добри. Тој влегувал во срцата на најверните и најсаканите негови пријатели – и секаде наоѓал некоја мана. Тоа му донело голема тага и тој почнал да се однесува спрема нив круто и со недоверба. Тие прво се чуделе и се навредиле, незнаејќи зошто тој се сменил, па најпосле го оставиле сам. Осаменоста многу го натажила; но тој не сакал да ги гледа луѓето со обични очи, кои за него биле полоши од неговите, и во својата тага тој почнал да го моли Бога за смрт. Наместо смрт пред него се појавил ангел со кротко, добродушно лице и сини очи.
-Јас сум љубов, – му рече небесниот гласник, – и дојдов да ти помогнам да ја тргнеш својата заблуда. Ти бараш од другите совршенство. Но, дали може да го пронајде тој, кој самиот е полн со недостатоци? Како прво проучи го твоето срце, а потоа осудувај ги твоите ближни ако смееш!
Кажувајќи ги овие зборови ангелот ги допре волшебните наочари и пред тој човек се отвори неговото срце, кое било многу полошо од срцата на другите.
-Боже, каков грешник сум! Прости ми! – извикна тој, и наочарите паднаа од неговите очи.
-„Љуби го ближниот како самиот себе“, – му рече ангелот, – таква е Господовата заповед. Труди се да им ги простуваш на луѓето нивните недостатоци – ти ќе бидеш среќен во овој свет и ќе ти биде простено во другиот.
Човекот ја исполнил наредбата која му ја кажа ангелот, и цел свет, сите луѓе почнале да му се гледаат подобри од него затоа што тој го запамтил тоа што видел во своето срце. Сега, гледајќи ги другите, тој се трудел да пронајде во нив само добри работи, а благодарејќи на тоа и самиот станал подобар и посреќен.
-Дали ја разбра мојата бајка, Кате? – ја праша мајката. – Ајде и ние да гледаме во себе преку тие волшебни наочари, а на другите да гледаме со обични стакла. Нас ни е заповедано да ги љубиме ближните, а не да ги бараме нивните недостатоци. Доволно за нас е и тоа, што ние ги проучуваме и корегираме нашите гревови.

Е.Т.А. Гофман