Резултати од пребарувањето на: achiziționați un Band cont 👉 acc6.top 👈🏻

Се упокои во Господа нашата драга соработничка и пријателка, Јулијана Тануровска

Со длабока вера во вечниот живот и надеж во Христовото ветување, денес упатуваме последен поздрав до нашата сакана Јулијана, која мирно се пресели во прегратките на Господа. Бигорската Свештена Обител со благодарност се сеќава на нејзиниот труд и љубов кон делото Божјо, како и на искрената и плодотворна соработка со оваа прекрасна личност. Зашто Јулијана,…

30-годишнина од возобновениот монашки живот

Блажена е нашата света Црква, втемелена на крвта на оние кои Го возљубиле благиот Христос повеќе отколку сопствениот живот. Блажени сме ние, Христовите луѓе, што се удостоивме секојдневно да го имаме пред очи примерот на ова храбро и бескомпромисно исповедништво на верата. Оти, навистина, нема поголемо сведоштво за Христовата љубов од примерот на светите маченици…

Посета на амбасадорот на Европската Унија во Бигорската Света Обител

По денешната претпладневна посета на Амбасадорот на Република Албанија, Бигорската Света Обител попладнево повторно беше удостоена со значајна чест: во нејзините благословени дворови пристигна и Неговата Екселенција г. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во земјава. Во духот на монашката гостољубивост, тој беше срдечно пречекан од Старецот на Обителта, Преосвештениот Епископ Антаниски г. Партениј. Во…

Посета на амбасадорот на Република Албанија во Бигорската Света Обител

Овој топол јулски ден, Бигорската Свештена Обител имаше чест да го пречека амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Неговата Екселенција г. Денион Меидани. Амбасадорот оствари пријателска и срдечна средба со Старецот на Обителта, Епископот Антаниски г. Партениј, со кого разговараа за досегашните добри односи на Манастирот со албанската заедница и со Р. Албанија и за…

Устоличен новиот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Во древниот соборен храм на Охридските архиепископи, храмот на Премудроста Божја во Охрид, денеска се случи уште еден свечен и молитвен настан. На Божествената Литургија, со којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, архимандритот Георгиј беше хиротонисан и устоличен за нов митрополит на нашата Дебарско-кичевска епархија. Пред…

Апостолска Црква, апостолско служење – сведоштво на крстовоскресната љубов

Слово на Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, изговорено на светата Литургија, во чест на светите првоврховни апостоли Петар и Павле на 29 јуни/12 јули 2025 лето Господово Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Мили мои, во Символот на верата Светата Црква ја исповедаме како апостолска. Зошто апостолска? Затоа што тоа не…

Апостоли на скапоцената благодат

Мислам дека нас апостолите Бог нè прикажа најпоследни, како осудени на смрт, бидејќи станавме глетка за светот - на ангелите и на луѓето. Ние сме безумни заради Христос, а вие сте мудри во Христос; ние сме немоќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни. До овој час ние и гладуваме, и жеднееме,…

Раѓањето на Претечата – зазорување на спасението

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, изговорено на Божествената Литургија на празникот Раѓање на Свети Јован Крстител, на 24 јуни/7 јули 2025 лето Спасителово Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух! Ја слушнавме, возљубени, од светото Евангелие според апостолот Лука, серадосната вест за раѓањето на великиот пророк, претеча и крстител Господов,…

Од Пресветата кон воплотениот Бог – иконата како таинство

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, Игумен на Бигорската Свештена Обител, изговорено на празникот на иконата „Достојно ест“, на сеноќното бдение, по читањето на Евангелието на Светата Литургија Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух! Мили мои, со синовска љубов и посветеност ѝ благодариме на Пресветата Владичица наша Богородица што и…

Трогателно погребение на жртвите од храмот на Светиот Пророк Илија во Дамаск

Денеска, вторник, 24 јуни 2025 година, беше отслужено опелото и погребението за душите на жртвите од терористичкиот напад врз храмот на светиот пророк Илија во Дамаск, Сирија. Исходното последование го отслужи Неговото Блаженство, Патријархот Антиохиски, во храмот на Чесниот Крст во населбата Касаа. По парастосот, телата на жртвите беа пренесени во храмот на Свети Илија…

Страница 8 од 313