Една жена сонувала прекрасен сон: во сонот се нашла во продавница, а продавач бил Самиот Господ Бог.
– Господи! Ти ли си тоа? – радосно воскликнала таа.
– Да, тоа сум Јас, – ѝ одговорил Бог.
– А што може да се купи од кај Тебе? – прашала жената.
– Овде може да се купи сé , – рекол Бог.
– Тогаш, дај ми, Те молам, здравје, среќа, љубов и многу пари.
Господ добродушно се насмеал и отишол во другата соба за да ги земе нарачаните работи. По некое време, Тој се вратил со малечка картонска кутија.
– Тоа е сé?! – разочарано проговорила зачудената жена.
– Да, тоа е сé, – ѝ одговорил Бог и додал: Зарем ти не знаеше дека во мојата продавница се продават само семиња?