Детето

Во еден град настапила голема суша. Летото било во тек и едно утро градскиот свештеник ги собрал сите да се помолат во црквата за Господ да им даде дожд. Целиот град се собрал, и сите присутни почнале да му се смеат на едно дете, кое дошло со чадорче. Луѓето се смееле и му зборувале:
– Глупо момче, зошто го донесе чадорот? Ќе го загубиш. Нема да врне.
Детето, пак, им рече:
– А јас си помислив дека вие ќе се помолите и дождот ќе дојде.