Едно детенце си играше во песокот. Немаше лопатче, па со раце ја полнеше кофичката. Долго така се трудеше и многу се натажи кога виде колку малку песок има во кофичката.
Колку повеќе тоа грабеше и цврсто ги стегашерачињата, толку повеќе песокот му бегаше низ прстињата. Детето се налути, ама тоа не му помогна. Кофичката и понатаму беше скоро празна.
Тогаш му текна, ги исправи рачињата свои како deteto_i_pe.jpgлопатки, па така пренесувајќи го со отворени дланки песокот, набрзо ја наполни кофичката.
Животот е како песок. Повеќе го има во отворените дланки, отколку во стиснатите рачиња. Кога нешто сакаш да имаш и не сакаш со никого да го споделиш, тоа од цврсто стиснатите рачиња бега како песокот низ прстињата.
Благословени се рацете кои даваат и споделуваат.
Бог ни дал многу, за да можеме и на другите да им подадеме и помогнеме.