Две кутии

Во рацете држам две кутии што ми ги даде Бог. Он ми рече:

„Стави ја сета своја мака, сите страдања и искушенија во црната, а сета своја радост во златната. Внимателно ги пазев Неговите зборови и обете, радоста и маките – ги ставав во кутиите. Но иако златната кутија со секој ден стануваше сè потешка, црната беше исто толку лесна како и претходно! … Сакав да ја дознаам причината и од љубопитство ја отворив црната кутија! Кога таму на дното на кутијата – отвор низ кој моите маки испаднале од неа.

Му го покажав на Бога отворот и прашав:

„Каде би можеле да се моите маки?“

Он се насмевна благо и рече: „ Тие се овде, кај Мене, дете мое.“
Збунета, Го прашав Бога зошто тогаш ми ги даде кутиите, златната и црната со отвор?

Одговорот гласеше: Чедо мое, златната е за да ги броиш своите благослови, а црната да ги пуштиш низ неа маките и да ги заборавиш.“