Добрината на едно дете

Десетгодишниот Марко влезе во слаткарница и си седна на една од масите. Веднаш му пристапи келнерката.

– Колку чини една порција сладолед? – Праша тој.

– 50 денари – му одговори келнерката.

Тогаш Марко ги извади паричките од џебот и внимателно ги преброи.

– А колку чини овој сладолед во чаша?

Во тој миг во слаткарницата почнаа да влегуваат многу гости и келнерката полека го изгуби трпението.

– 35 денари – грубо му возврати таа на Марко.

Детето уште еднаш ги преброи паричките и замоли со љубезен глас:

– Донесете ми тогаш еден сладолед во чаша.

Келнерката нервозно му го донесе сладоледот, му ја даде сметката и брзо замина. Марко си го изеде својот сладолед, си ја плати сметката на каса и си отиде. Кога келнерката се врати до масата за да ги собере остатоците, остана трогната до солзи. На крајот од чинијата, заедно со сметката Марко ѝ имаше оставено 15 денари бакшиш на келнерката.