Двата ангели

Имаше во рајот два ангели кои Бог ги задолжи за врската помеѓу Него и луѓето и тие имаа за задача да ги пренесуват до Бога пораките и молитвите на луѓето. Едниот непрестајно леташе горе – долу, а другиот си почиваше на еден облак. Еден ден, оној кој постојано седеше без работа, го праша другиот:

– Добро, што правиш толку, што работа имаш па не застануваш ни за миг воздух да земеш? Само кружиш горе – долу…

– Имам многу работа, брате, бидејќи јас сум оној што Му ги носи на Бога молитвите на луѓето, кои започнуваат со: ,,Господи, дај ми’’.  А ти, што правиш тука, легнат на облакот по цел ден? Зошто постојано одмараш? Толку ли немаш што да му однесеш на Господа?

– Немам – тажно одговори ангелот. Знаеш, јас Му ги носам пораките на луѓето кои започнуваат со: ,,Ти благодарам Господи…‘‘