Гнев и смирение

Се случи еднаш, во една шума да избие пожар. Бидејќи шумата беше во близина на селото, народот веднаш истрча со кофите да го гасне огнот.
Гледајќи ги како се трудат, на помош им притекнаа Гневот и Смирението, кои во тој момент поминуваа оттука .
-Ајде да помогнеме! – предложи Гневот.
-Ајде – се сложи Смирението и веднаш застана во редот и започна да ги прифаќа и подава кофите.
-Јас, пак, ќе надгледувам.


Така Гневот започна да шета помеѓу луѓето кои го гасеа огнот, наредувајќи им притоа. Тогаш тој забележа некој човек, кој збунето се вртеше наоколу. Бидејќи човекот со своето однесување им пречеше на другите, гневот почна силно да вика на него. Од викањето човекот уште повеќе се збуни, така што неговиот сосед многу се вознемири. Земајќи го во одбрана, тој во настанатиот спор повика и друг човек, овој, пак, трет, па четврти, сѐ додека, најпосле, не започнаа да се препираат сите. Потоа, навредени и лути, тие започнаа да се разидуваат.
Пред огнот кој беснееше, останаа само Смирението и Гневот. Тогаш Смирението ја спушти кофа со вода, па започна на рацете да носи дрва и да ги фрла во огнот.
-Зар сакаш да го запалиш целото село, лудаку?!? Што ти е? се развика Гневот на него.
-Па ти со својата природа ги изгоре сите луѓе во него, и што е важно сега дали селото ќе изгори или не? – кротко запраша Смирението.
Посрамениот Гнев не се осмели да изговори ниту збор.