Клинци во оградата

Марко е добро дете, ама има лоша особина. Секоја ситница го нервира, па тој или ќе удри некого, или, пак, ќе се скара со сестрите. Еднаш татко му му даде полно ќесе со клинци и му даде задача секогаш кога Марко ќе се разгневи и изгуби контрола над себеси, да закова еден клинец во оградата. Првиот ден тој закова дури 37 клинци во оградата. Но во текот на следните неколку месеци тој научи да го контролира својот гнев и така, постепено, бројот на закованите клинци се намалуваше. Откри дека полесно му е да си го контролира својот темперамент, отколку да кова клинци во оградата.

И така дојде ден кога Марко не закова ниту еден клинец во оградата. Радосен, му кажа за ова на својот татко, а тој му даде нова задача: Секогаш кога Марко ќе успее да си го контролира своето однесување, да оди до оградата и да извади еден клинец. Деновите минуваа и еден ден Марко, сиот среќен, му соопшти на таткото дека ги извадил сите клинци. Таткото го зеде својот син за рака, го одведе до оградата и му рече:

-Добро направи, синко, се гордеам со тебе. Си станал многу умен. Знам дека не ти беше лесно, но добро се потруди. Сега погледни ги тие дупчиња во оградата. Секоја од нив означува рана што некому си ја задал. Зашто и од тешките зборови остануваат рани, кои исто толку болат, како и физичките.

Прости им на сите за и тие да ти простат тебе. Пријателите се навистина ретко богатство. Тие ти будат насмевка на лицето, те храбрат да успееш во нешто, секогаш се спремни да те сослушаат, да ти ја ублажат болката, секогаш имаат добри зборови за тебе и срцето им е постојано отворено за тебе. Покажи им на твоите пријатели колку многу ти значат. Обиди се и ќе видиш колку посреќен ќе бидеш и ти, а со тебе и ние, твоите родители, а и твоите сестри и сите твои другари.